ДЕМОКРАТИ сметаат дека во изминатите триесет и три години политичките елити во Македонија успешно ги користат следните доктрини за владеење и ограбување на државата и народот во Македонија:
СТОП НА КОНТРОЛАТА НА УМОТ ВО МАКЕДОНИЈА!
1. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО
Да се насочи вниманието на јавноста од важните проблеми кон неважните. Јавноста со поплава од неважни информации, за луѓето да не размислуваат за вистинските проблеми и да го разберат светот околу нив. Стратегијата за одвраќање е исто така многу важна за спречување на јавниот интерес за основните знаења од науката, економијата, психологијата, невробиологијата и кибернетиката. Пример:Јавноста се одвраќа од решавање на вистинските проблеми со прашања за јазикот, глупостите на функционерите, нивното јавно препирање и докажување.
2. СОЗДАДЕТЕ ПРОБЛЕМ, А ПОТОА ПОНУДЕТЕ РЕШЕНИЕ ЗА ТИЕ ПРОБЛЕМИ
Методот се нарекува и „проблем-реакција-решение“. Овој метод создава проблем, „ситуација“ која предизвикува реакции во јавноста, по што се нудат решенија на кои во нормални околности јавноста би се спротивставила. Примери: Прашањето за името, знамето, ЕУ!
3. СТРАТЕГИЈА НА ПОСТЕПЕНА ПРОМЕНА Да се натера јавноста да го прифати неприфатливото, односно да применува постепено навикнување на прифаќање промени, објавувајќи ги капка по капка, чекор по чекор, со денови, месеци, години. Доколку промените кои можат да предизвикаат отпор во јавноста се случат ненадејно и за краток временски период, тоа секако не би било добро за општествениот мир. Затоа манипулаторите ќе ги спроведуваат со „политиката на мали чекори“. Светот така се менува со текот на времето, без воопшто да го забележи тоа, односно јавноста не е свесна за овие промени. Пример:Полека не ограбуваат со секоја власт, ја федерализираат државата, го префрлаат здравството од државно во приватно, ги убедуваат луѓето дека пазарните законитости треба да ги формираат цените и инфлацијата.
4. СТРАТЕГИЈА ЗА ОТПУШТАЊЕ Друг начин да се подготви јавноста за непопуларни промени е да се објават многу порано – однапред. Тие треба да се претстават и како „болни и неопходни“, за да се добие согласност од јавноста за идни промени. Луѓето не ја чувствуваат одеднаш сета тежина на промените, затоа што претходно се навикнуваат на самата идеја за промена. Дополнително, „заедничката надеж за подобра иднина“ што обично се користи во наративот, го олеснува прифаќањето на непопуларните промени. Примери:Мора да се направи ова, мора да се направи она, готово е, тоа е договорено, без барање на суд и одлука од народот!
5. УПОТРЕБА НА ДЕТСКИ ЈАЗИК Повеќето реклами наменети за пошироката јавност користат сугестивен говор, слаткоречиви аргументи, сочувствителни и пристапни ликови, а особено детски интонации кога се обраќаат на публиката. Се чини дека пораките се наменети за мали деца или ментално неразвиени луѓе. Колку повеќе огласувачите сакаат да ги заведат гледачите, толку повеќе користат инфантилни тонови. Кога им се обраќаме на возрасните како да им се обраќаме на децата, тогаш постигнуваме два корисни ефекти: јавноста ја потиснува својата критичка свест и пораката има посилен ефект врз луѓето. Овој испробан и проверен сугестивен механизам се користи, како што рековме, главно во рекламирањето и токму таму е најлесно да се открие. Примери:Ќе го вратиме името, ќе ги намалиме платите на функционерите, ќе му стапнеме на нога на криминалот, ќе ја уништиме корупцијата! Само до моментот на стапнување на власт!
6. КОРИСТЕЊЕ НА ЕМОЦИИ Емоционалната злоупотреба е класична техника што се користи за краток спој на процесот на рационално расудување. Критичката свест се заменува со емоционални импулси (лутина, страв, грижа итн.), употребата на емоционалниот регистар им овозможува на манипулаторите пристап до несвесното, па подоцна на тоа ниво е можно да се имплементираат одредени идеи, желби и принуди или да предизвика одредени однесувања. Примери: Тие не мразат, овие не сакаат, тие ништо не направиле за нас, Калето е вмешано во се, Русија не сака!
7. ЈАВНОСТА ДА ЈА ДРЖИ ВО НЕЗНАЕЊЕ И ПРОСЕЧНОСТ Да се направи јавноста неспособна да ги разбере технологиите и методите што се користат за нивна контрола и поробување. На посиромашните слоеви на општеството систематски им се забранува пристап до механизмите за разбирање на манипулацијата и тоа со нивна согласност. Квалитетот на образованието на пониските општествени слоеви треба да биде што е можно послаб или потпросечен, за да остане непремостлива јазот меѓу образованието на горните и долните слоеви. Примери:Македонците се меѓу најглупите народи во Европа, имаат IQ 81, ништо не разбираме, подобро купи си диплома отколку да учиш!
8. ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ДА СЕ ЗАДОВОЛИ СО СВОЈАТА ПРОСЕЧНОСТ. Јавноста треба да се охрабри да прифати просечност. Неопходно е да се убедат луѓето дека е „ин“ или модерно да се биде глупав, вулгарен и неук. Истовремено, треба да се поттикне отпорот на јавноста кон културата и науката. Промовирањето на ставот во јавноста дека е модерно и пожелно да се биде глуп, вулгарен и необразован им овозможува на манипулаторите неиспитан простор за дејствување. Примери: Се слуша шунд музика, децата се форсираат на глупави потрошувачки кампањи, се негираат професорите и наставниците, децата ни ги воспитуваат социјалните мрежи преку телефони, таблети и компјутери.
9. СОЗДАВАЊЕ ВИНА Упатување и упорно убедување на секој поединец да верува дека тој е единствениот и ексклузивен виновник за сопствената несреќа, поради неговото ограничено знаење, недоволната посветеност и труд, поради неговите ограничени способности (неговата неспособност), поради неговата недоволна интелигенција и слично. . Таквата несигурна, понижена и потценета индивидуа, оптоварена со чувство на вина, ќе се откаже од потрагата по вистинските причини за својата позиција и каков било бунт против системот. Значи, наместо да се бунтува против економскиот систем, поединецот не дејствува, туку останува на своето место како закопан, затоа што се обвинува себеси за своите неуспеси, што доведува до депресивни состојби чија единствена улога е да го спречат поединецот од каква било активност – тоа е неговата целосна пасивност. Пример:Македонецот сам си е крив, тој никоггаш не се бунтува, ако се бунтува завршува ни крив ни должен 20 години во затвор, подобро да си седи дома!
10. СИСТЕМОТ ИМА КОНТРОЛА НА ПОЕДИНЕЦОТ
Да се познава поединецот подобро отколку што се познава себеси. Брзиот развој на науката во последните 50 години создаде поголем јаз помеѓу знаењето што го поседува просечниот човек и знаењето што го поседува и користи владејачките елити. Системот, благодарение на биологијата, невробиологијата и практичната психологија, има пристап до напредни знаења за човекот и на физичко и на психолошко ниво и е во состојба да го разбере обичниот човек подобро отколку што се познава себеси. Ова значи дека, во повеќето случаи, системот има поголема контрола и поголема моќ над поединецот отколку што поединецот има над себе. ПРИМЕР:Главните 4 партии ги вкалупуваат и потполно ги контролираат граѓаните кои немаат право на свое изградено мислење, туку само на претпоставеното од партиите и лидерите.
ДЕМОКРАТИ секогаш со народот!


