ИТНО, бараме од МВР да ги открие вандалите и најстрого да се санкционираат сторителите на овој вандалски чин.
Кривичен Законик има. Полиција има. Обвинителство има. Нека работат. Ако не работат, тогаш одобруваат и овозможуваат вакви ескалации.
Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост
Член 319
(1) Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста,
излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со
оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг
начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза,
раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Тој што делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или
на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства
спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор
од една до десет години.


