Затворајте ги вандалите, а не спортските стадиони

ДЕМОКРАТИ најостро ја осудува одлуката на Фудбалската федерација на Македонија-ФФМ, 17-то и 18-то коло во Првата македонска фудбалска лига, да се игра без присуство на публика.
По повод инцидентите со сквернавењето на македонското знаме, МВР побара од ФФМ да донесе одлука овие две кола да се играат без публика.
МВР мисли дека со недозволување на публика на натпреварите ќе спречат инциденти, поточно насилство на фудбалските стадиони.
На спортските натпревари подолго време има огромно насилство и институциите се неспособни да го спречат тоа. Со затворање на спортските терени, не се решава проблемот со насилството.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека МВР и министерот за внатрешни работи се неспособни да ги спречат инцидентите, поточно насилството на фудбалските стадиони и да ги затворат организаторите на инцидентите и вандалите, а со самиот акт на недозволување на публика, нема да спречат инциденти и насилство во иднина.
Што е уште пожалосно, наместо да ги санкционираат и казнат организаторите кои креираат инциденти и насилство, МВР и ФФМ ги казнуваат спортистите и фудбалската публика.
Проблемот единствено може да се реши со санкционирање на организаторите и извршителите на инцидентите на спортските натпревари.
За жал, губи фудбалот, фудбалерите и навивачите кои се коректни и не прават инциденти и насилство.
ДЕМОКРАТИ предлагаат да ги затворате вандалите, а не спортските стадиони!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно ДЕМОКРАТИ им го честитаат 3-ти ДЕКЕМВРИ Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ