Деновиве повторно гледаме криминални претстави и мрачни игри режирани од злосторничките здруженија ДПНЕ и СДС, за мачкање на очи на револтираните граѓани заради нивните неисполнети изборни ветувања, и заради бедата во која живееме.
Повторно се организираат масовни апсења и се ловат ситни риби – за да се прикријат криминалните политички капиталци! Како тоа повторно главниот осомничен веќе подолго време да е во странство и да е недостапен за прогонот? Да не му дојавил некој благовремено да се скрие надвор? Мизерни сте и ДПНЕ и СДС, ама и прочитани сте. Џабе си се менувате на власт и си ги криете криминалите, јасно е дека заеднички ја распарталивте и искрадовте Македонија!
А вистината зошто тоа е така е многу едноставна – тие политиката си ја сметаат за најпрофитабилен криминален бизнис и така си ја водат. Најнапред некој, за да стане лидер на ДПНЕ или СДС, треба да биде спремен со ,,свои” пари или со кредит, да вложи „инвестиција“ од неколку милиони евра за да може да истера кампања, да поткупи државни службеници, да купи гласови од многу места и да поткупи многу медиуми. Таа инвестиција потоа лидерот премиер си ја враќа со продавање на министерски и директорски- функционерски места од неколку стотици илјади евра секое, како и со провизии од крадењето на државните пари од страна на тие јадници – кои мора да го прават за да си ја вратат и наплатат својата „инвестиција“ за влез во политиката (бизнисот).
Ова по дефиниција е криминален и коруптивен систем, „бизнис“ кој ДПНЕ и СДС три децении го водат, од кој се офајдиле со милијарди евра, и кога меѓународната заедница бара глави за жртвување – ги жртвуваат поситните риби, со претходна најава да ги уништат криминалните докази и со време да избегаат од државата. Па кој ги поставил нив на тие места? Кој ги контролирал што и како работат? Можел ли некој од нив да биде поставен на такво функционерско место – ако не го плател тоа кај лидерот за да добие амин од него, и ако не давал провизии од украденото?
Доста ни е од овие мрачни игри, политички криминалци – прочитани сте и од ДЕМОКРАТИ и од сите граѓани. Нас во ДЕМОКРАТИ ни е јасно дека можност и поттик за овие тешки криминали, пљачки и предавства на својот народ и својата држава ви дава криминалниот изборен закон со затворени листи, со помош на кој се крадат и лажираат избори, се купуваат функционерски позиции, се корумпира целата државна администрација и се краде народниот буџетот – за враќање на „инвестициите“, и за личен „профит“.
Затоа ние ДЕМОКРАТИ се бориме за укинување на можноста и поттикот за овие тешки криминали – за измена на криминалниот изборен закон со затворени листи, и за воведување на чесните отворени листи – со кои се сузбиваат корупцијата и овие ваши мрачни игри, и се воспоставува правна и функционална држава!
ДЕМОКРАТИ секогаш за Македонија и граѓаните!


