Ненародната Влада на чело со Мицкоски и ДПНЕ интензивно продолжува со криминални политички вработувања и партизација на институциите

Најдобар пример за тоа е Агенцијата за национална безбедност. Наместо професионалец, власта поставува ,,поранешен” човек од редовите на ДПНЕ за директор на АНБ, а тоа е Бојан Христовски. За жал, во јавноста се прошири глас дека поседува лажен сертификат за познавање англиски јазик, но исто така во јавноста се шири глас, дека и неговата факултетската диплома е несоодветна, што го попречува законски да биде директор на Агенцијата.
Во Советот за граѓански надзор на комуникации, тело кое треба да спречува злоупотреба на следењето на комуникации и прислушување, за претседател на Советот е предложен Илче Димовски, долгогодишен партиски активист и сегашен Претседател на УМС Битола и секретар на Општинскиот комитет на ДПНЕ во Битола.
За член на Советот за граѓански надзор и комуникации е предложен Стојанче Рибарев, кој е познат во јавноста како поранешен судија, разрешен поради злоупотреби во правосудниот систем и спасител на Никола Груевски од притвор во 2017 година.
Исто така за член на Советот е предложен и Мирче Стојков, поранешен претседател на Општинскиот комитет на ДПНЕ и актуелен советник во Кочани.
Советот за граѓански надзор на комуникациите треба да биде составен од професионалци со долгогодишно искуство, а не од партиски послушници и полтрони од ДПНЕ, кои партиски ќе го контролираат Советот за комуникации и прислушување.
ДЕМОКРАТИ сакаат да потсетат дека за време на режимот на Никола Груевски, преку оваа агенција се прислушуваа повеќе од 20.000 граѓаните.
ДЕМОКРАТИ ги осудуваат овие политички криминални вработувањата и длабоко сме убедени дека овие луѓе нема да работат за доброто на Македонија и граѓаните. Нема да ги спречат илегалните прислушувања и бруталното кршења на приватноста на граѓаните, напротив, ќе работаат по директива на нивната партија и нејзината политичката елита.
За жал, ова е рецепт за уништување на Македонија!
Претходно Пари, моќ и богатење се единствениот интерес на политичарите-функционерите-криминалци!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ