Поранешниот вицепремиер Артан Груби и Енвер Беџети, судија во Апелациониот суд во Македонија, завршија на црната листа на американскиот Стејт департмент, како и членовите на нивните семејства и на истите им се забранува влез во САД.
„Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција со примање мито за поткупување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на Северна Македонија. Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби“, објавуваат од Стејт департментот.
Ова е доказ дека никој не е над законот и порано или покасно, криминалците ќе бидат откриени и кривично ќе одговараат за нивните злодела.
Благодарение на САД, многу македонски политичари-функционери-криминалци се обелоденети по име и презиме.
ДЕМОКРАТИ БАРААТ ОД ВЛАДАТА, МВР И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТО ИТНО ДА ГИ ПРОГОНУВААТ КРИМИНАЛЦИТЕ КОИ СЕ СТАВЕНИ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД!
АКО ИТНО НЕ ГО НАПРАВАТ ТОА, ЌЕ ГИ СМЕТАМЕ ЗА НИВНИ СОУЧЕСНИЦИ ВО УНИШТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА И ЖИВОТИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ!


