ДЕМОКРАТИ им го честитаат 3-ти ДЕКЕМВРИ Меѓународниот ден на лицата со попреченост

На 3-ти Декември, кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, да се потсетиме на потешкотиите со кои секојдневно се соочуваат овие луѓе и нивните потреби за остварување на правата за инклузивност во општеството.
Луѓето со попреченост треба да ги уживаат подеднакво сите права како и останатите граѓани. Нивниот хендикеп не ги прави помалку вредни, помалку почитувани или помалку вклучени во секојдневните општествени случувања. Напротив, и покрај бариерите со кои секојдневно се соочуваат, тие се тука меѓу нас, нивниот глас треба да се слуша, а нивниот труд да се вреднува.
Државата треба многу повеќе да работи во насока на подобрување на условите за живот и стандардот на оваа категорија на граѓани, со отстранување на сите пречки кои им го отежнуваат животот и со нивно вклучување во социјалниот, културниот и деловниот живот.
Меѓународниот ден на лицата со попреченост се стреми да ја зголеми свеста за придобивките што треба да се извлечат од нивното интегрирање во сите сфери на живеење.
Сите заедно да ги поддржиме и да им покажеме дека се дел од нас. Да ги поддржиме овие поединци и групи и да се стремиме кон поголема инклузивност.
ДЕМОКРАТИ ги поддржуваат лицата со попреченост и предлагаат државата да им даде максимална поддршка, повисок стандард и инклузивност на оваа ранлива категорија на граѓани.
Претходно Борбата продолжува против национализмот и иредентизмот! Промовирајте соживот, а не омраза и нетрпение!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ