ДЕМОКРАТИ подолго време предупредуваа дека неспособната Владата и МОН не сакаат да го платат долгот од 8 милиони евра кон ЈСП Скопје, а во исто време ја префрлаат вината за неисплатениот долг врз градоначалничката на Град Скопје Данела.
За жал, нивната погрешна политика што ја водат подолго време доведе до катастрофални последици, укинување на бесплатниот јавен превоз за студентите, кој бесплатен превоз им значи многу на нив.
Што е уште пожалосно ненародната Влада и МОН не се заинтересирани за доброто на студентите и образованието, а без образовни млади стручни кадри Македонија нема иднина!
ДЕМОКРАТИ бараат итно МОН да го подмири долгот од осум милиони евра према ЈСП Скопје, итно да се врати бесплатниот јавен превоз за сите студенти, бесплатно образование, учебници, студенски домови, бесплатни оброци и повисоки стипендии.
ДЕМОКРАТИ секогаш со студентите!
Придружете ни се во ДЕМОКРАТИ


