Пред десетина дена стапи во сила мерката на Владата наречена “Новогодишна кошничка”, која ќе трае од 15 декември до 15 јануари а ефектите од оваа мерка исто како и од “Есенската кошничка”, се потполно негативни.
Овие мерки на Владата се покажаа како сосема неефикасни и некорисни за граѓаните и се само обична манипулација и
“мачкање на очите”, дека Владата божем прави нешто добро и корисно. Од мерката се офајдија само трговците кои претходно ги покачија цените на многу производи, а граѓаните останаа со празни кошничка, пред новогодишните празници.
Според ССМ постојано растат трошоците за живот и овој месец тие пораснале за вкупно 840 денари во споредба со предходниот месец, додека реалната потрошувачка кошничка за 4-члено семејство овој месец изнесува над
63 000 денари.
ДЕМОКРАТИ повеќе пати истакнуваат дека оваа мерка на Владата не само што не е ефикасна, туку таа е обична измама и манипулација со граѓаните.
ДЕМОКРАТИ подолго време предлагаат наместо “лажни кошнички”, стабилизирање на цените, покачување на минималната плата на 60.000 и минималната пензија на 30.000 денари.
ДЕМОКРАТИ подолго време ја повикуваат Владата да ГРАДИ ФАБРИКИ И ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ, А НЕ ДА ГИ МАНИПУЛИРА ГРАЃАНИТЕ СО ПРАЗНИ НОВОГОДИШНИ КОШНИЧКИ!
Демократи секогаш со граѓаните!


