ИМА ЛИ ПОДОБРО РЕШЕНИЕ?

На граѓаните веќе ни е преку глава од плачењето колку е тешко во државата, колку претходните ја краделе и уништувале, и колку сегашните ќе дадат се од себе да ја подобрат ситуацијата, колку деноноќно и макотрпно ќе работат за државата, колку треба да се подобри ова или она. И најмногу ни е преку глава од меѓусебните обвинувања за тоа кој повеќе крадел, и кој е повеќе крив за ситуацијата.
Политичари и пратеници – Доста е, не ве гласавме и не ве плаќаме за тоа. Ве гласавме и ве плаќаме – за да предложите и спроведете решенија за излез од сегашната ситуација, решенија за подобрување на демократските стандарди и за востановување на функционална и правна држава, за подобрување на економијата и за запирање на иселувањето. И конечно – решенија за почеток на отварањето на поглавјата од преговорите, и за брзо приклучување на Македонија кон ЕУ!
И навистина – кои се вашите решенија за ова? На кој начин вие од ДПНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ планирате да ги остварите изборните ветувања, да ги сузбиете криминалот и корупцијата, да ја департизирате администрацијата и да ја ослободите заробената држава? Како планирате да ги вратите младите? Зошто молчите и не предлагате решенија? И конечно – што ако не успеете, дали имате решение за нечувствувањето одговорност и несносењето на никакви последици заради неуспехот и неостварувањето на вашите изборни ветувања? А и СДС и ДУИ, доста само ја критикувате власта, што предлагате вие, кои решенија? Доста не замајувавте со приказни за тоа кој е крив и кој е полош, кој повеќе украл, туку кажете ни – кои се вашите предлози и решенија за излез од ситуацијава?
За разлика од вас, ние ДЕМОКРАТИ не само што јасно и отворено ја кажуваме вистината за вашите криминали и предавства на граѓаните и државата, за вашето партизирање, заробување и уништување на државата – туку го нудиме и најдоброто решение, со кое веднаш ќе се решат најголемите стратешки проблеми на државата. Нудиме решение и за корупцијата, и за партизирањето и заробувањето на државата, решение со кое најдобрите луѓе ќе застанат на чело на институциите за најквалитетно да менаџираат со државата и со нашите граѓански пари. Тоа најдобро решение е – ИТНОТО воведување на отворените изборни листи!
И отворено ве предизвикуваме сите лажни патриоти и државници од сите криминални партиски злосторнички здруженија, јавно да се изјасните – ИМАТЕ ЛИ ПОДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА МАКЕДОНИЈА? А ако немате – бараме веднаш и со консензус да го промените криминалниот Изборен закон и воведете отворените листи!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно ДЕМОКРАТИ им го честитаат Божик на сите граѓани со католичка вероисповед и им посакуваат многу здравје, среќа, љубов и благосостојба!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ