За жал, Владата која е на власт 7 месеци предводена од ДПНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ, на чело со неспособниот Премиер Мицкоски, кој наместо да го решава проблемот со отровниот воздух, го губи времето со отварање на трговски центри и спортски сали. Исто така неспособниот Министер за животна средина Изет Меџити, не превзема конкретни чекори за намалување на аерозагадувањето и за жал, со премиерот креираат гасни комори од нашите градови Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Кавадарци и многу други кои оборуваат светски рекорди по загаденост.
Замислете почитувани граѓани нашите градови оборуваат светски рекорди во загаденост на воздух, а се едни од најмалите по број на жители во светот:
1 Скопје 526.502
2 Битола 71.808
3 Куманово 75.051
4 Прилеп 63.308
5 Тетово 63.176
6 Велес 40.664
7 Охрид 38.818
8 Штип 42.000
9 Гостивар 32.814
10 Струмица 33.825
11 Кичево 23.428
12 Кавадарци 32.038
13 Кочани 24.632
Према статистички податоци во Македонија од аерозагадувањето умираат од 3.800 до 5.000 луѓе, меѓу кои повеќе од 250 се деца, а стотици илјади луѓе се разболуваат со тешки респираторни заболувања. Најголем број на заболени се повозрасната категорија на граѓани, но што е уште многу позагрижувачки е што поголем број на деца се разболуваат и ќе имаат во иднина трајни негативни последици по нивното здравје.
ДЕМОКРАТИ повикуваат ИТНО да го заштитиме здравјето на граѓаните, а посебно децата и ИТНО да се донесат мерки за заштита од смртоносниот отровен воздух и загадување на животната средина.
Затоа ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНО:
1. Поставување на мерни станици за нивото на загадување на воздухот низ цела Македонија.
2. Поставување на современи филтри за прочистување на воздухот на сите фабрики кои го загадуваат воздухот.
3. Забрзана изградба на електрани за производство на електрична енергија, како што се хидро електрани, електрани на ветер, сонце и нуклеарни електрани.
4. Постепено укинување на сите електрани кои работат на јаглен и нивно префрлување на други извори на енергија кои драстично ќе го намалат загадувањето на животната средина.
5. Забрзана употреба на електрични автобуси, камиони, коли, возови и други превозни средства и субвенционирање од страна на државата за купување на истите.
6. Забрана на увоз на возила постари од 10 години.
7. Забрана на уништување на зеленилото во градовите поради потребите на урбаната мафија и планирање на паркови во деталните урбанистичките планови, како и пошумување на поголеми региони
8. Засилен инспекциски надзор и драстични казни за загадувачите на животната средина, како што се забрана за работа на загадувачите кои загадуваат над дозволеното и високи парични казни за фирмите и раководството.
Демократи секогаш со граѓаните!


