Итно МВР и Јавното обвинителство да отвори предмет по допрен глас и да го испита случајот со заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дранго, за кој здружението „Анима мунди“, објави слики на кои се гледа како позира со пушка со оптички нишан и со мртва мечка. Тој се обвинува дека ја убил мечката и се сликал со неа.
Според член 11 и 14 од Законот за дивечот и ловството, мечката е класифицирана како дивеч под заштита, и ловењето на мечката е трајно забрането, без исклучоци.
Членот 228 од Кривичниот законик вели: Ловењето на дивеч под заштита, како мечката, е казниво со затворска казна од една до пет години.


