Сакаме да ги информираме граѓаните дека Владата на ДПНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ ги донесе измените на овој закон, насилнички и на шверцерски начин, со кршење на собраниските процедури. Предлог- законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија, власта го префрли за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика.
ДЕМОКРАТИ сакаат да ја потсетат јавноста дека начинот на употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, се веќе уредени со Законот и Уставот.
Јасен е членот 182, став 5 од Законот за заштита на децата каде се регулира начинот на добивање, продолжување и одземање лиценца за работа, како и формата и содржината на образецот за лиценца.
ДЕМОКРАТИ бараат од Владата на чело со ДПНЕ да се откаже од предлог- законот, членот 9 и членот 10 кои предвидуваат двојазични лиценци од областа на детската заштита.
Демократи секогаш со граѓаните!


