За жал, во повеќе градови низ државата секојдневно се пријавуваат напади врз граѓаните од кучиња скитници и повеќето завршуваат со повреди. Што е уште пожалосно граѓаните се изложени на животна опасност, крвавење и ширење на разни опасни болести, а кучињата скитници се изложени на насилство и нехуман третман од одредена група на граѓани.
ДЕМОКРАТИ се крајно револтирани од властите што не го решаваат овој проблем со децении и ги прашуваат неспособните власти на државно и локално ниво, ако не можат да ги решат проблемите со кучињата скитници со децении, како ќе ги решат другите покомплицирани проблеми на државно и локално ниво, како што се криминалот и корупцијата, економските, образовните, здравствените, како и загадувањето на животната средина, инфраструктурните, социјалните и многу други проблеми?!
Демократи секогаш со граѓаните!


