ДЕМОКРАТИ: ЈА ПОДДРЖУВАМЕ ОДЛУКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ШТО НЕ ГО ПОТПИША УКАЗОТ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА, СО КОЈ СЕ ПРЕДВИДУВАШЕ ДВОЈАЗИЧНИ ЛИЦЕНЦИ ВО ГРАДИНКИТЕ

Сакаме да ги информираме граѓаните дека Владата на ДПНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ ги донесе измените на овој закон, насилнички и на шверцерски начин, со кршење на собраниските процедури. Предлог- законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија, власта го префрли за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика.
ДЕМОКРАТИ сакаат да ја потсетат јавноста дека начинот на употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, се веќе уредени со Законот и Уставот.
Јасен е членот 182, став 5 од Законот за заштита на децата каде се регулира начинот на добивање, продолжување и одземање лиценца за работа, како и формата и содржината на образецот за лиценца.
ДЕМОКРАТИ бараат од Владата на чело со ДПНЕ да се откаже од предлог- законот, членот 9 и членот 10 кои предвидуваат двојазични лиценци од областа на детската заштита.
Демократи секогаш со граѓаните!
Претходно Продолжува пљачката и хаосот во Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ