НЕВИДЕНА ПЉАЧКА НА НАРОДНИОТ БУЏЕТ ПРЕКУ ИЗМИСЛЕНИ АГЕНЦИИ, КОМИСИИ, ОДБОРИ И КАКВИ НЕ ДРУГИ НЕПОТРЕБНИ ИНСТИТУЦИИ

Агенцијата за супервизија на осигурување има 38 вработени и не чинеше 1,2 милиони евра за плати, 100.000 евра за службени патувања во 2024 година.
Од податоците може да видиме каква пљачка се врши на народниот буџет од страна само на една агенција, а ги има уште многу.
Агенцијата во својот предлог финансиски план за 2025 година има предвидено да потроши над 2,2 милиони евра, кој план го има доставено до Собранието.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од невидената пљачка на народниот буџет преку многубројните измислени непотребни агенции, комисии, одбори и какви не други измислени институции од страна на властите, за да можат да си ги вработат своите гласачи-полтрони а платите се енормно високи во споредба со просечната плата на граѓаните.
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО укинување на повеќето гореспомнати агенции, комисии, одбори и какви не други измислени непотребни институции од страна на властите, со што би се спречило пљачкањето на народниот буџет во иднина.
Демократи секогаш со граѓаните!
Претходно !ГАЗДИ, СЕ ДОДЕКА ИМ НУДИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ МИНИМАЛНИ ПЛАТИ, СЕ ДОТОГАШ ЌЕ ВИ БЕГААТ ВО СТРАНСТВО!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ