МАКЕДОНИЈА ОБОРУВА РЕКОРДИ ПО СМРТНОСТ

Македонија за жал е на прво место по смртни случаи од аерозагадувањето во Европа.
Скопје и покрај тоа што е еден од најмалите градови во светот кои се најзагадени, (има најмал број на жители и теритирија), повеќе денови беше најзагаден град во светот.
Према статистички податоци во Македонија од аерозагадувањето умираат од 3.800 до 5.000 луѓе годишно, меѓу кои повеќе од 250 се деца, а стотици илјади луѓе се разболуваат со тешки респираторни заболувања. Најголем број на заболени се повозрасната категорија на граѓани, но што е уште многу позагрижувачки е што поголем број на деца се разболуваат и ќе имаат во иднина трајни негативни последици по нивното здравје.
Катастрофалното загадување е последица на човечки фактор, поточно на 33 годишното владеење на злосторнички криминални банди од редовите на злосторничките здруженија на ДПНЕ-СДС-ДУИ и нивните полтронски приврзоци, кои не превземаат никакви мерки да го намалат аерозагадувањето.
ДЕМОКРАТИ повикуваат ИТНО да се донесат мерки за заштита од смртоносниот отровен воздух и загадување на животната средина, со што би го заштитиле здравјето на граѓаните, а посебно на децата.
Затоа ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНО:
1. Поставување на мерни станици за нивото на загадуваење на воздухот низ цела Македонија.
2. Поставување на современи филтри за прочистување на воздухот на сите фабрики кои го загадуваат воздухот.
3. Забрзана изградба на електрани за производство на електрична енергија, како што се хидро електрани, електрани на ветер, сонце и нуклеарни електрани.
4. Постепено укинување на сите електрани кои работат на јаглен, и нивно префрлување на други извори на енергија кои драстично ќе го намалат загадувањето на животната средина.
5. Забрзана употреба на електрични автобуси, камиони, коли, возови и други превозни средства и субвенционирање од страна на државата за купување на истите.
6.Забрана на увоз на возила постари од 10 години.
7.Забрана на уништување на паркови и зелени површини од страна на урбаната мафија и планирање на паркови во деталните урбанистички планови, како и пошумување и повеќе зелени површини во и околу градовите.
8. Засилен инспекциски надзор и драстични казни за загадувачите на животната средина, како што се забрана за работа на загадувачите кои загадуваат над дозволеното и огромни парични казни за фирмите и раководството.
Демократи секогаш со граѓаните!
Претходно НЕМИЛОСРДНО ПЉАЧКАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ И БИЗНИСИТЕ ОД СТРАНА НА КРИМИНАЛНАТА ДРЖАВА И EVN ПРЕКУ СМЕТКИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ