КОЈ СТИГНА НЕ ПЉАЧКА МОЈ НАРОДЕ – ИТНО УКИНУВАЊЕ НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ

За жал, пратениците преку патни трошоци (патарини, гориво, амортизација) го пљачкаат народниот буџет, додека граѓаните стануваат посиромашни со секој изминат ден.
Према статистиките податоци пратениците потрошиле за патни трошоци во:
– 2024 година 300.000 евра
– 2023 – 280.000 евра
– 2019 – 390.993 евра
– 2018 – 522.930 евра;
– 2017 – 512.000 евра
– 2016 – 698.797 евра
– 2015 – 770.883 евра
Покрај патни трошоци, некои пратеници добивале по 400 евра месечно за кирија и покрај тоа што имале станови во Скопје.
Ова легална пљачка на народните пари започна од 2006 година, во времето на владеење на Груевски и благодарение на пратениците на ДПНЕ и СДС, на чело со Трајко Вељановски.
Во пљачкање на народниот буџет водат ненародните пратеници на ДПНЕ пред СДС. Од 01-01-2024 до 01-01-2025:
1. Петар Ристевски 878,650.00
2. Мирче Аџиоски 756,788.00
3. Дајанчо Ефтимон 606,424.00
4. Зоран Јованчев 500,419.00
5. Миле Талевски 470,205.00
6. Ангелинка Петкова 447,730.00
7. Миле Лефков 437,386.00
8. Олга Лозанова 402,986.00
9. Никола Муцевски 392,426.00
10. Арана Пашоли 378,083.00
За жал, нема пари за сиромашните граѓани, а има пари за ненародните пратеници во нашата криминална држава!
ДЕМОКРАТИ предлагаат ИТНО укинување на патните трошоци, со што би се спречило пљачкањето на народниот буџет од страна на ненародните пратеници!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно ШТО ПОВЕЌЕ ЗАРАБОТУВАТЕ, ПОВЕЌЕ ЌЕ СИ ПЛАЌАТЕ

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ