ДЕМОКРАТИЈА ПРОТИВ ПАРТОКРАТИЈА

Примерите на изборните модели на Словенија и Хрватска се многу интересни и со кратка анализа ќе се обидеме да го претставиме она што кај нив се случува денес.
Во Словенија има отворени листи за локални и европски, и затворени листи за парламентарни избори. Затоа гледаме дека Словенија извонредно се развива на локално ниво, извонредно ја имплементира европската демократија на државно ниво, но со затворените листи во парламентот имаат пратеници кои се лидерски и пратенички слуги и послушници, а не граѓански слуги. Затоа граѓаните се незадоволни од пратениците, кои не ја контролираат доволно владата и дозволуваат одредено ниво на партизација на институциите, корупција, криминал и се што со себе носат затворените листи, и затоа на референдум ги задолжија пратениците да ги воведат отворените листи и за парламентарни избори – но бараат целосно отворени, а не релативно отворени листи.
Во Хрватска има отворени листи – но со релативно гласање, односно со висок изборен праг. Ова значи дека многу ретко, скоро никогаш нема промена на рангирањето на кандидатите за пратеници на листите по избори, односно тоа е скоро исто како со затворени листи, и таму пак се главни лидерите на партиите. Релативното гласање со висок праг се лажирани отворени листи, и тоа ги носи истите последици од затворените листи – заробени пратеници, партократија, корупција и организиран криминал, во рамките кои се можни заради контролата од ЕУ на трошењето на европските пари.
Од словенскиот и хрватскиот пример на изборни модели се гледа јасно дека отворените листи нудат развој на државите, а затворените листи, или нивната варијанта на релативни отворени листи со висок праг, носат само назадување, или стагнација и проблеми ако државата е во ЕУ. Затоа ние ДЕМОКРАТИ се залагаме во Македонија да ги искористиме овие искуства и уште веднаш да ги воведеме целосно отворени листи без праг, како во најразвиените држави, со демократија да ја победиме партократијата, и така не само да ја спасиме државата од назадување и пропаѓање – туку и да ја вклучиме во систем на најбрз и најквалитетен развој!
Со целосно отворени изборни листи ние во Македонија не само што ќе ги победиме корупцијата, криминалот, партизацијата и заробената држава, туку ќе имаме и перспектива за одреден период да им се приклучиме на најразвиените држави во Европа, и да станеме лидер на Балканот! Ако и вие почитувани сограѓани ја делите нашата визија за Македонија – повелете заедно со нас ДЕМОКРАТИ, за и однадвор и одвнатре, и од парламентот и од локалната самоуправа, да се бориме за ИТНО воведување на отворените листи, како главен предуслов за сестран локален и државен напредок и развој!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!
Претходно ЗЛОТО КОЕ ВЛАДЕЕ 33 ГОДИНИ КРЕИРА ГАСНИ КОМОРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА И УБИВА ЛУЃЕ КАКО ВО ФАШИСТИЧКИ КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ! МОРА ДА ГО УНИШТИМЕ ЗЛОТО ШТО ПОБРЗО!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ