За жал, нема биолошка терапија на Онкологија и многу други терапии и медицинска опрема во здравствените установи низ Македонија, а Таравари со коалиционите другарчиња си се шетаат низ Америка, на сметка на народниот буџет.
Што е уште пожалосно, Министерот за здравство Таравари и Владата појма немаат како да креираат врвно здравство, но ги бива за немилосрдно трошење на народните пари!
ДЕМОКРАТИ повикуваат до граѓаните-гласачите, никогаш повеќе да не гласаат за злото ДПНЕ-СДС-ДУИ-ВЛЕН-ЗНАМ, ако сакаат да имаме врвно здравство и здравствените установи кои ќе бидат место за лекување, а не место за умирање!
Демократи секогаш со граѓаните!


