ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА

Гледаме како во Словенија партиите се борат за воведување на отворените изборни листи и за парламентарните и за локалните избори. Исто така, гледаме како граѓаните на Словенија на референдум бараат тие самите да одлучуваат кои кандидати на избори да станат пратеници или советници, за потоа тие во Собрание да ја контролираат работата на владата и правната држава, а во општините да ги контролираат градоначалниците. Да контролираат дали се спроведуваат законите и изборните ветувања, и да им даваат отчет на граѓаните!
Така и ние ДЕМОКРАТИ се залагаме за ИТНО воведување на отворените листи во Македонија, и за локални и за парламентарни избори, и јавно ги прашуваме сите партии:
КОЈА ПАРТИЈА СЕ ЗАЛАГА ЗА ИТНО ВОВЕДУВАЊЕ НА ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА?
Ако има таква – веднаш нека повели да се поврземе во нашиот Фронт за спас на Македонија, и меѓусебно да се помагаме и поддржуваме за следните локални избори.
Сите партии кои што не се за отворените листи, под најразлични изговори: дека се сложени, несигурни, народот не ги разбира, не е време и сл. – сите тие партии се во политиката од личен интерес, нив не ги интересираат ни државата ни граѓаните, и таквите партии со отворените листи точно се раскринкуваат. Со отворени листи нема лажење на граѓаните, се’ се гледа.
На сите веќе ни е јасно што се носат отворените листи, каква слобода, демократија, одговорност и отчетност на пратениците и советниците, каков економски напредок, и какво поврзување со ЕУ и со напредните држави. Затоа ние ДЕМОКРАТИ и за овие локалните избори, како една од главните програмски цели, го нудиме ИТНОТО воведување на отворените листи во Македонија. Поради тоа, повикуваме ние граѓаните да ја искористиме оваа голема можност да ги разоткриеме партиите – кои партии се борат само за себе и ги кочат отворените листи, а кои сме за државата и граѓаните – и бараме ИТНО воведување на отворените листи!
Ако и Вие сте за слобода, демократија, правна, развиена и сигурна држава – ја очекуваме Вашата сестрана граѓанска поддршка, и Вашите гласови на следните избори!
Се за Македонија!
Претходно Проследете го интревјуто на господин Јанаки Митревски-адвокат на ДЕМОКРАТСКИ ИМПУЛС

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ