КОИ СМЕ ДЕМОКРАТИ?

Многу луѓе во разговори и на социјалните мрежи се повеќе прашуваат – кои сте вие ДЕМОКРАТИ?
Е па ајде да им одговориме. Ние ДЕМОКРАТИ сме ЛУЃЕ, кои меѓу другото:
– Ги сакаме другите луѓе, слободата и правдата, и си ја сакаме нашата држава Македонија.
– Ги почитуваме другите луѓе, и сакаме другите да не почитуваат. Сакаме да го слушниме и го почитуваме туѓото мислење, и сакаме другите да го слушнат и почитуваат нашето.
– Имаме цврст збор, сакаме да имаме меѓусебна доверба со луѓето, и посветено работиме на изградбата на довербата.
– Заедничкиот и државниот интерес се наш најголем приоритет. Најважна ни е Македонија, и за неа се бориме. Не сакаме да и земеме, туку да и дадеме на државата.
– Не сакаме да им го правиме на другите тоа што не сакаме да ни се прави на нас. Не сакаме да лажеме, крадеме и манипулираме.
– Ние сме чесни и одговорни, ги почитуваме редот, правилата и законите, и сакаме тие да важат еднакво за сите.
– Строго сме против: партизирањето и заробувањето на државата, корупцијата и криминалот, перењето и крадењето на нашите државни пари, и заробувањето на медиумите.
– Сакаме во нашата држава со отворени изборни листи да владееме ние граѓаните, преку нашите пратеници, функционери и државни институции, а не со затворени листи нас да не владеат лидерите на партиите.
– Наважни ни се карактерот и душата на луѓето, да се човечни и достоинствени, со добри намери. Ние сакаме да им помагаме на другите, и заедно да напредуваме.
Ако и Вие го мислите и чувствувате истото – и Вие сте ДЕМОКРАТИ!
Повелете и придружете ни се во нашата заедничка борба за подобар и подостоинствен живот, за наша подобра држава !
Ве очекуваме на нашите контакти: demokratimk@yahoo.com, +389 75 423 547.
Претходно СОВЕТНИЦИ ИЛИ ЦИЦАЧИ НА НАРОДНИТЕ ПАРИ? ШТО СЕ СМЕНИ ВО ДРЖАВАТА СО НИВНИТЕ СОВЕТИ, ДЕБЕЛО ПЛАТЕНИ ОД НАРОДОТ?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ