Според новата Концепција за гимназиско образование, која е во драфт верзија, деновиве силни се реакциите за предвидениот наставен план од Концептот, особено за тоа што филозофија и социологија стануваат изборни, етика се исклучува од наставниот план, а музичко и ликовно се планираат по еден час неделно.
Зошто вакви решенија и по кој урнек се правени?
Според министерката Јаневска во оваа концепција “ученикот е поставен во центарот, со неговите афинитети кон одредени предмети или области, кои ќе побудат кај него интерес и желба за учење” .
Познато е дека, за жал, нашите ученици покажуваат најниски резултати на меѓународните, па и на домашните тестирања. Но, со новите промени дали ќе имаат можност за напредок или ќе се уназадат уште повеќе?
Според изјавата на министерката Јаневска, учениците со новите измени ќе имаат можност да учат повеќе за предметите и областите што ги сакаат. Во врска со укинувањето на предмети таа истакнува дека не се укинуваат предметите етика и логика , туку тие ќе бидат составен дел на предметот филозофија, кој се предвидува да биде изборен предмет во трета и четврта година. Додека пак часовите за спорт, ликовно, музичко, ќе се надополнуваат преку дополнителни задолжителни секции што училиштата и наставниците треба да ги организираат.
Во делот за спорт, односно т.н. физичко, се планирани само два часа неделно, но Концепцијата нуди надвор од задолжителниот план и многу дополнителни часови, повторно по избор на ученикот. Тоа се новините, истакна Јаневска: “Оваа концепција нуди избор во задолжителниот курикулум, но и наставни активности после задолжителните часови.
Часовите по ликовно и музичко не се намалени, поради тоа што ќе имаат секции, можат да имаат драма, поезија, теми од секој можен предмет кој тие го сакаат. Можат да имаат дополнителни активности за да стекнат повеќе знаења и вештини.”
Исто така новата Концепција предвидува и општествено-корисна работа, 36 часа, со која учениците би се социјализирале, би ја согледале реалноста и ќе се соочат со проблемите во општеството. Особено внимание ќе се посветува на развивање на критичкото мислење и на решавање проблеми, истакна министерката.
ДЕМОКРАТИ ја прашуваат министерката Јаневска да објасни, како учениците ќе ги подобрат знаењата и како ќе се подготвуваат за натпревари со новите измени? Како ќе го развива критичкото мислење кај учениците и решавање на проблеми со воведување слободни ученички активности, секции и општествено- корисна работа? Исто така да објасни како ќе се подобрат резултатите во учењето и ќе ги мотивира за учење, со чистење на дворови и посети на болни и стари лица по болници и старечки домови?
Дали овој нов концепт нуди напредок во учењето, повисоки знаења и мотивација за учење и развој на општо образована личност или пак нуди уназадување и стекнување уште пониско ниво на знаења од досега?
Поради тоа ДЕМОКРАТИ предлагаат, новите измени во Концепцијата за гимназиско образование ДА НЕ СЕ ПРИФАТАТ, поради тоа што ефектите од такви слични новини, од неодамна во основното образование се покажаа катастрофални и со крајно негативни ефекти. Основното образование е во тотален хаос, особено после примената на новата концепција, а сега таков хаос го очекува и средното образование!!!
Поради тоа ДЕМОКРАТИ предлагаат неспособната министерка Јаневска ИТНО да си поднесе оставка.
Не смееме да дозволиме образовниот систем да го доуништат со експериментални концепции и програми, кои се покажаа дека се катастрофално неуспешни!!!
Демократи секогаш со учениците!


