ДАЛИ СОБРАНИЕТО Е ЗАКОНОДАВЕН ДОМ ИЛИ ДУВЛО НА ПРАТЕНИЦИ-КРИМИНАЛЦИ, КОИ РАБОТААТ ЗА СВОИ ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ И ИНТЕРЕСИТЕ НА НИВНИТЕ КРИМИНАЛНИ ПАРТИИ?
ДЕМОКРАТИ повеќе пати пишуваат за пратениците и овој пат сакаме да ги информираме граѓаните на Македонија што се случува во Собранието, кои добивки ги имаме од ненародните пратеници, а што губиме.
ШТО НЕНАРОДНИТЕ ПРАТЕНИЦИ ДОБИВААТ ОД ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ:
1. Нето плата од 110.000 денари, плус 55.000 денари се одделува за придонеси за пензиско и здравствено осигурување, вкупно 165.000 денари, скоро 3 илјади евра месечно (за споредба минимална плата е 22.567 денари)
2. Милиони за патни трошоци и службени патувања во земјата и странство
3. Милиони за кирија (повеќе од 24.000 денари месечно кирија по пратеник)
4. Милиони за идиотски комисии и одбори
5. Скоро бесплатно ждерење во собраниското бифе
6. Милиони за апанажа
7. Милиони за превоз со луксузни автомобили, бензин, одржување
8. Милиони за купување на луксузни службени автомобили
9. Милиони за вработените во Собрание да ги служат ненародните пратеници
10. Милиони за одржување на собраниската зграда, клубот на пратеници, (струја, вода, комунали, даноци) и многу други трошоци
120 пратеници-ждерачи во месецот трошат милионски суми на народни пари, а на годишно ниво милјарди, почитувани граѓани.
АЈДЕ ДА ВИДИМЕ ШТО ДОБИВАМЕ ОД ОВИЕ НЕНАРОДНИ ПРАТЕНИЦИ КОИ ТРОШАТ МЕСЕЧНО МИЛИОНСКИ СУМИ, А НА ГОДИШНО НИВО МИЛИЈАРДИ НАШИ ПАРИ :
1. Пљачка на народниот буџет
2. Носат закони во нивна корист, како што беше Криминалниот закон (ги намалија казните за политичарите-функционерите криминалци да не одат по затвори и да си ги задржат милјардите што ги украле на законски начин)
3. Не носат закони за зголемување на затворските казни за политичарите-функционерите криминалци
4. Не го менуваат криминалниот Изборен закон, воведување на една изборна единица, Отворени листи, подеднакво финансирање и застапеност по медиумите за сите учесници на изборите и обезбедување на фер и демократски избори, поточно спречување на криминалните избори со поставување на камери на секое избирачко место
5. Не носат закон за потекло на имотот и конфискација на истиот
6. Не носат закон да се амнестираат долговите на сиромашните граѓани
7. Не носат закон за застарувањето на долговите на сиромашните граѓани до 3 години
8. Не носат закон за укинување на извршителите и враќање на должничко-доверителните постапки во судовите
9. Не носат закон да се укине амнестирањето на политичарите-функционерите криминалци
10. Не носат закон да се инвестира на годишно ниво во наредните 10 до 15 години по две милијарди евра од народниот буџетот во капитални проекти како што се изградба на електрани, фабрики, производствени погони, инвестиции во образованието, здравството, инфраструктура, заштита на животната средина, социјалата, самохрани родители, лица со попреченост, пензионерите, студентите, спортот.
ДЕМОКРАТИ се борат против ненародните пратеници, нивните лични интереси и интересите на нивните криминални партии, а се борат да се носат закони во корист на граѓаните и Македонија.
ДЕМОКРАТИ се борат за креирање на правна и функционална држава за доброто на сите граѓани и Македонија.
Македонија вечна и вековита!
ДЕМОКРАТИ секогаш за Македонија и граѓаните!


