Измените на Кривичниот законик во 2023-та година, оваа година Уставниот суд ги оцени како НЕУСТАВНИ и како дрско кршење на Уставот и владеењето на правото и еднаквоста на граѓаните пред законот.
Самите функционери-криминалци во Собрание на Македонија си донесоа противуставен закон во своја корист, а на огромна штета на државата и граѓаните.
Со измена на Кривичниот законик, со намалување на казните, на повеќе функционери-криминалци им овозможија застарување на криминалните дела, ги спасија од зандани и што е злосторнички, си ги задржаа украдените милиони и милјарди евра од народот.
Да се исправи ова огромна неправда и злосторство на пратениците-криминалци, ДЕМОКРАТИ ИТНО ГИ ПРЕДЛАГААТ СЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ ВО КРИМИНАЛНИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК:
1. Минимална затворска казна од 10 години до доживотна за сите функционери-криминалци
2 Испитување на потеклото на имотот на сите функционери и конфискува на имот, ако е стекнат на криминален начин
3. Забрана за амнестија на функционери-криминалци
4. Да не застаруваат делата на функционери-криминалци
5. Да се поништи одлуката на пратениците за промена на Кривичниот законик, донесена во 2023 година во ненародното Собрание и да се вратат сите предмети во судовите на повторно разгледување, затоа што со промената на Кривичниот законик и намалување на казните е извршеното злосторство против македонската држава и граѓаните.
ДЕМОКРАТИ секогаш со Македонија и граѓаните!


