НЕНАРОДНАТА ВЛАДА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ЛАЖИ НАРОДОТ СО ИДИОТСКИ КОШНИЧКИ КАКО ШТО СЕ ,,РАМАЗАНСКА КОШНИЧКА” и ,,ВЕЛИГДЕНСКА КОШНИЧКА”

Владата ќе разгледува мерки за ограничување на цените на прехранбените производи, хемиските и бебешката храна.
За жал, мерките на Владата имаат краткоречен ефект на цените на производите и стандардот на граѓаните. Како пример ќе посочиме две краткорочни мерки кои планираат да ги имплементираат, а тоа се:
1. Намалување, а не замрзнување на дел од маржите за одредени производи
2. Другата е да се намалат цените на стотина производи од 10 до 15 проценти
Првата мерките треба да почнат на 1 март, со „Рамазанска кошничка“, а ќе заврши со „Велигденска кошничка“.
ДЕМОКРАТИ се крајно револтирани и ги осудуваат манипулациите на ненародната Владата со измислените ,,ИДИОТСКИ КОШНИЧКИ” за граѓаните.
ДЕМОКРАТИ предлагаат трајни решенија како да се намалат цените на сите производи, а посебно на основните производи, како што се прехранбените, лековите, струјата, горивата и други.
ДЕМОКРАТИ ГИ ПРЕДЛАГААТ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ:
1. Трајно намалување на ДДВ од 18% на 6% на сите производи и услуги
2. 0% ДДВ за основните прехрамбени производи
3. 0% ДДВ за потрошена електрична енергија
4. 0% ДДВ за лекови
5. Зголемување на ДДВ од 18% на 30% на сите луксузни производи
6. Ограничување на маржата од 3% до 10% проценти на основни прехранбени производи
7. Ограничување на маржата од 3% до 10% на сите лекови
8. Ограничување на маржата од 3% до 30% на сите други видови производи и услуги
За да излеземе од оваа катастрофална економска криза која ја креираа властите во последните 34 години, да ги намалиме астрономските цени и подобриме стандардот на граѓаните, ДЕМОКРАТИ се залагаат подолго време да се креира врвна економија. Секоја година наредни 10 до 15 години да се инвестира две милијарди евра во капитални проекти, изградба на електрани, фабрики, производствени погони, образованието, науката, иновации, здравството, земјоделството, здрава животна средина, инфраструктура!
Само така можеме трајно да го заштитиме стандардот на граѓаните во време на катастрофална економска криза и да го спречиме пљачкањето на сиромашните граѓани од немилосрдните, прекупци, посредници, дистрибутери и трговци кои енормно се богатат, додека граѓаните осиромашуваат со секој изминат ден!
ДЕМОКРАТИ секогаш за Македонија и граѓаните!
All reactions:

52

Претходно ЗЛОТО Е ИСТО, САМО ЗЛОСТОРНИЦИТЕ И НИВНИОТ ДРЕС СЕ МЕНУВА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ