ПОТРЕБНА НИ Е ПОЛИТИЧКА РЕВОЛУЦИЈА ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА

Почитувани пријатели, веќе на сите ни е јасно дека најголемите програмски цели кои на избори сите партии ги ветуваат: сузбивање на високата корупција и организираниот криминал, развивање на економијата, правна и функционална држава, намалување на администрацијата, строго спроведување на законите еднакво за сите и т.н, може да се спроведат – само со воведување на отворените изборни листи!
И сега сите прашуваат – како може да се воведат отворените листи во Македонија? Парламентарните партии не сакаат да ги гласаат, не им одговараат на лидерите, а МАНУ и универзитетите, НВО и граѓанските организации, синдикатите и медиумите – ни се заробени!
За Македонија очигледно најсоодветен начин за воведување на отворените листи и за спасување на државата е – граѓанска политичка револуција, која што се прави на избори. Тоа е можноста која треба да ја искористиме уште на сегашните локални избори! Треба само ние што ги почитуваме отворените листи и што сакаме да ги воведеме – да се пријавиме на листите на ДЕМОКРАТИ за градоначалници и советници! Не се бара ни пари за кампања, ни потпишување оставки и сл. – треба само патриотизам и желба да се справиме со злото, за да си ја спасиме државата и најмилите!
Затоа најповикани за изборните листи сте токму Вие, кои ги лајкувате и споделувате текстовите за афирмација на отворените листи, и во кампањата најмногу ќе се бара токму тоа – да ги лајкувате и споделувате текстовите на ДЕМОКРАТИ и фејсбук групата Отворени листи со кои што се согласувате, затоа што единствената сигурна слободна територија за политичката револуција се – социјалните мрежи. А за сите прашања и за подетално запознавање на граѓаните во врска со отворените листи, ДЕМОКРАТИ се спремни да одговорат на сите прашања, за поединци преку социјалните мрежи, или за поголема група луѓе со организирање на дебати и трибини.
По успехот на граѓаните и на ДЕМОКРАТИ на локалните избори со градоначалнички и советнички места, меѓународната заедница ќе ја увиди желбата на граѓаните за воведување на отворените листи, и ќе ни даде поддршка. А уште поголема поддршка за отворените листи ќе дадат и другите парламентарни партии, затоа што ќе увидат дека ние граѓаните ги бараме и гласаме за отворените листи – па да не губат повеќе гласови.
Така, со гласањето за ДЕМОКРАТИ на овие локални избори, и Вие ќе учествувате во политичката револуција во Македонија, и многу ќе придонесете во воведувањето на отворените листи и во средувањето на државата.
А на сите Ваши пријатели и блиски кои што исто така ќе ги лајкуваат и споделуваат Вашите постови за отворените листи – препорачајте и понудете им веднаш да се пријават за изборните листи на ДЕМОКРАТИ, што со голема почит и задоволство ќе ги прифатиме. Бидете и Вие ДЕМОКРАТИ, борете се за човековите права и слободи, борете се за себе и за својата држава – и учествувајте во политичката револуција за спас на Македонија!
ДЕМОКРАТИ секогаш со Македонија и граѓаните!
Претходно ДАЛИ СОБРАНИЕТО Е ЗАКОНОДАВЕН ДОМ ИЛИ ДУВЛО НА ПРАТЕНИЦИ-КРИМИНАЛЦИ?

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ