БОЖЈИ СИСТЕМ

Божјите заповеди велат: Не кради! Не пожелувај ништо што е туѓо! Не убивај!
А двете главни божји заповеди се:
1. Возљуби го Господа со сето свое срце, и
2. Возљуби го својот ближен како себеси!
Нашите политичари денес се сосема спротивното – крадат, лажат, го сакаат туѓото, државното за себе – и за тоа се спремни и да убијат! На тоа ги тера ѓаволскиот коруптивен и криминален изборен закон со затворени листи, кој го стимулира и го вади најлошото од луѓето – и ги претвора во алчни ѕверови!
Затоа Господ го создаде чесниот изборен систем со отворени листи, кој не стимулира нас луѓето да ги спроведуваме божјите заповеди – да не крадеме, да бидеме чесни и хумани луѓе, и меѓусебно да си помагаме за заедничко добро и за добро на нашата држава! Отворените листи го стимулираат најдоброто во нас – да се сакаме и почитуваме меѓусебно, да се помагаме меѓусебно, да си ја сакаме нашата држава и заедно да се бориме против злото! Затоа во земјите со отворени листи луѓето се најсреќни!
Ние ДЕМОКРАТИ сме божји луѓе, затоа што се бориме да се слуша и почитува божјиот збор, да го срушиме овој ѓаволски систем со затворени листи – и да го воведеме божјиот систем со отворени изборни листи. Само така можеме да си ги вратиме назад нашата држава, нашите животи и нашите судбини од ѓаволските раце, и само така ние самите ќе си ја водиме државата по чесниот божји пат!
Затоа ние ДЕМОКРАТИ Ве повикуваме сите хумани и чесни божји луѓе, кои не сакате да правите гревови и сакате да се борите против мрачните сили – слободно да се пријавите на отворените листи на ДЕМОКРАТИ за градоначалници и советници, и сите заедно обединети на локалните избори, со гласање за отворените листи, да си ги вратиме државата и судбините во наши граѓански и божји раце!
Нашите контакти се на https://demokrati.mk/, Ве очекуваме!
Претходно ЗЛОТО ЈА НАПАЃА МАКЕДОНИЈА И ГРАЃАНИТЕ ОД СИТЕ СТРАНИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ