Наместо Собранието да биде место каде пратениците и министрите разумно и свесно ќе дискутираат за проблемите на граѓаните и државата и да дискутираат како да ги решат проблемите и да носат закони за доброто на граѓаните и Македонија, за жал, во последните 34 години, ненародни пратеници и министри го претворија Собранието во огромна лудница и ова лудница станува се поголема со секој изминат ден.
Уште пожалосно е што оваа лудница е промовирана и поддржана од медиумите, кои прават спектакл од забегани пратеници и министри.
Како ДЕМОКРАТИ најостро ги осудуваме ненародните пратеници и министри кои го претворија Собранието во огромна лудница.
Овие ненародни пратениците и министри мора да ги запреме еднаш за секогаш, а тоа може да го направиме на локалните избори во Октомври и на следните предвремени парламентарни избори.
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите граѓани да ни се придружат во ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!
ДЕМОКРАТИ секогаш за Македонија и граѓаните!


