Секојдневно гледаме работи што се ненормални и не и доликуваат на демократијата:
– Премиер кој ги држи на кратко јаженце мнозинството пратеници во Собрание, и им наложува што и како да гласаат. А сите останати пратеници – ги навредува и омаловажува.
– Министер за финансии кој навредува пратеници, и им поставува барања и условувања.
– Министер за транспорт кој не потпишува ДУП-ови на непослушни градоначалници и советници…, и да не редиме натаму. Дали Мицко ова е за тебе – новото нормално, на кое мора да се подредиме?
Не Мицко, ова е твоето ново – ненормално, на кое ние ДЕМОКРАТИ никогаш нема да се согласиме и подредиме. Ова е само заробување на државата и граѓаните, со помош на коруптивниот и криминален изборен закон со затворени листи, со кој се корумпираат, заробуваат и максимално се контролираат пратениците, а преку нив и целата држава. Никогаш нема да се помириме со творето ново ненормално – да ни ја крадеш државата и да ги иселуваш луѓето.
Новото нормално во Македонија за нас ДЕМОКРАТИ е – промена на криминалниот Изборен закон, една изборна единица, воведување на отворени изборни листи, гласањето за личности и добивањето на слободни граѓански пратеници,а со тоа правна и функционална држава, и строго спроведување на законите – еднакво за сите!
За ова ново нормално ние ДЕМОКРАТИ се бориме подолго време, и ве повикуваме сите на следните локални избори да гласаме против новото ненормално на ДПНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ, СДС и ДУИ, и да гласаме за новото нормално во Македонија – отворените изборни листи и ДЕМОКРАТИ!
ДЕМОКРАТИ секогаш за Македонија и граѓаните!


