Штитењето на локалната власт во Кочани од било каква одговорност е знак дека истрагата за оваа невидена трагедија, нема намера да биде поразлична од досегашните истраги за изминатите трагедии.
Зарем во Кочани има толку многу кабареа, па властите не знаеле дека оваа „шупа“ која не ги задоволува основните услови за заштита од пожар и нема повеќе излези за во случај на пожар, работи на диво веќе 15 години? Полицијата, пазарната инспекција, подрачната единица на УЈП, инспекторите за урбанизам, градоначалникот, општинските советници и многу други институции не ја вршеле својата работа, пропишана со закон. Просто кажано, тие не го оправдале своето постоење цели 15 години.
Секоја истрага што однапред ги амнестира и ги штити најповиканите во случајот, а тоа се локалната власт и директорите на подрачните единици на повеќе државни институции, поставени од централната власт, е знак дека се нема искрена намера и волја да се удри по овој корумпиран систем.
Доста веќе со импровизирање, апсење на обезбедувачи, келнери, чистачки и продавачи на билети кои работеле во дискотеката! Сфатете дека дојде време да ги изведете пред одговорност и вашите сопартијци, виновни за непостапување. Поради нив, кочанчани ги загубија своите најмили! Зарем уште не СФАЌАТЕ?!
ДЕМОКРАТИ секогаш со граѓаните!


