Македонија е корумпирано и криминално дувло

– Судиите од Тетово, Судскиот совет и тие од Апелација Гостивар се штитат и поддржуваат меѓу себе, околу пресудата на пречкртувачот за Теодора.
– Затворска полиција бара дрога за затвореници во една траги-комична бурлеска.
– Луѓе измамувале граѓани крадејќи им податоци преку вработен во ФЗО и си земале брзи кредити, измама и криминал од екс-квази политичари што не смее да постои.
– Директор на Геријатрија барал 100 илјади евра, земал 20, за да смести човек, па им дал и предлог да си продадат стан. Прав консултант.
– Криминалците од Општина Маврово-Ростуше земаат пари за дивоградбите, фатени со 13 илјади евра поткуп. Го уништија и Маврово и Националниот парк, треба да си се врати Маврово како посебна општина.
– Оној Мерко не знаеме веќе за што се суди, а никако да му се пресуди, дали за криминални набавки на коли, дали за балистичка пропаганда, дали за можна продажба на дипломи на политички криминалчина-другарчина, дали за вработување партиски директори и цели семејства.
– Груби е избеган веќе 3 месеци, ама битно ДУИ зборува за политички прогони.
– Началник-крт, ги изнел документите од МВР со кои телохранителот на Мицкоски бараше 50.000 евра.
– Во истрага за финансиски злоупотреби со уплати за патишта при регистрација уапсена е братучетка на екс-министерот и сегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.
Ова ни се видливите теми во последните неколку недели, а што се друго се случува со децении и години или далеку од јавноста…
Па овде секој ден да се апси, нема да се престигне од толку многу криминалци и криминогени умови.
Затоа, ДОСТА Е!ДЕМОКРАТИ СЕКОГАШ СО ГРАЃАНИТЕ!
Претходно ИТНА ПРОМЕНА НА КРИМИНАЛНИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОН!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ