Демократите сега само чекаат да бидат распишани изборите. И кога ќе бидат објавени, кои мислите дека ќе бидат на листите?
Сигурно нема да бидат луѓе што своите имиња ги граделе по партиски линии и коридори на моќ.
На листите ќе бидат оние кои со години го граделе својот углед меѓу народот.
Професори, експерти, луѓе кои не се уценети, кои немаат долгови кон политичките центри на моќ.
Луѓе на кои не можат за ништо да им замерат, освен што си ја знаат својата работа.
Сега, замислете на тие избори ако Демократи навистина победат. Замислете земјата конечно да падне во рацете на оние кои немаат газди, кои немаат договори, кои немаат договори зад затворени врати. Замислете што би се случило ако професијата го преземе системот.
Министерството за финансии го води економист кој има докторат по фискална политика, а не партиски послушник кој не ја знае разликата помеѓу камата и инфлација. Министерството за здравство да го води лекар кој оперирал илјадници пациенти и знае што значи да се бориш за живот, а не политички назначен бирократ без ниту еден ден искуство во медицината.
Министерството за образование го води професор со искуство од училница, кој знае како изгледа борбата за образование на децата, а не некој што мисли дека училиштата се само буква на хартија.
Министерството за правда го води адвокат кој се борел за правда и човекови права, а не некој што ја гледал правдата само во прескапи костуми и лажни насмевки. И што мислите, што би се случило?
Нема повеќе да има тендери за браќа и кумови.
Јавните конкурси нема да бидат пишувани според мерката на подобните, туку според мерката на способните. Корупцијата би станала опасна, бидејќи би ја разоткривале оние кои не се плашат од никого. Јавните набавки би биле навистина јавни, а не однапред договорени. Сите оние што со децении ограбувале и измамувале повеќе не би знаеле како да се справат. Бидејќи на чело на државата би биле луѓе кои имаат единствен долг кон народот, а не кон политичките спонзори. Луѓе кои својата функција не ја должат никому освен на сопственото знаење, искуство и чест.
Замислете ја Македонија во која на конкурс се вработува некој кој е најдобар, а не некој по партиска линија.
Замислете земја во која тендерот го добива оној кој навистина знае да работи, а не оној кој дал највисока провизија. Замислете систем во кој началникот на полицијата не се избира по партиска линија, туку според тоа колку случаи решил.
Замислете ја Македонија во која правилата се јасни, а одговорноста е реална. Каде функцијата не се добива затоа што си нечиј човек, туку затоа што си човек професионалец. Каде што министрите не учат на работа, што е нивната работа, туку однапред знаат што прават и зошто се таму.
Затоа овој момент е пресвртница.
Бидејќи ако Демократи навистина победат, оваа земја има шанса да се промени од темел. И конечно да премине од рацете на оние што ја задолжиле и продале, во рацете на оние што ја сакаат, ја почитуваат и сакаат да ја поправат.
Оние кои со години нè држеа во темнина и во незнаење, знаат дека светлината на нивната професија ќе ја изгаси нивната безбедна, корумпирана темнина. И затоа се плашат од Демократи.
Бидејќи кога државата ќе се ослободи од оковите на политиката и ќе падне во рацете на оние кои навистина знаат како да ја водат, нема повеќе враќање назад. А тоа е она од што сегашната власт, најмногу се плаши.
ДЕМОКРАТИ секогаш за Македонија и граѓаните!


