Преземено од Blagica Bato Sabovljevik Stoimenova
Јас разбирам дека за 10 месеца неможеш да ги исчистеш сите измети на твоите сопартиици и опозиција, кога се биле на власт, ретроактивно у изминатите 3 децении.
Ама не разбирам како во овие 10 -12 месеца од како си на власт, мааш ни со тееешки милијарди евра земени кредити, а од кобнио 16 март за мојот град Кочани, каменЧЕ не си поместил. А пка за локалната болница ич и да не збореме. Не само шо не си се завртел накај неа, во овие 2 месеца, туку сега и ја мереш со сите други во Државата.
Наместо до сега да имаше во кочанската болница комплетно опремен центар за рехабилитација од изгореници, ти трескаш антипатични глупости 
Се шо има кочанската болница ОД ХИРОШИМАТА па наваму има, воглавном, од донации ЗАРАДИ НАСТРАДАНИТЕ ДЕЦАТА, А НЕ РАДИ ВАШ личен имиџ и менаџерски способности, да не го забраве никој од вас тоа… И НАМЕСТО ДА СЕ ЗАСРАМЕШ ТИ ЌЕ НИ ЛУПЕТАШ МАЛОГРАЃАНШТИНИ…СРАМ ДА ТЕ БИДЕ
.
Ти сакал да признаеш, или не, под твоја палка им се сруши СИСТЕМО врз глава на 600 млади децааа, а ти си газо переш још со твојта, исто како тебе, НЕконструктивна претходница … И замисли никој од твоите соработници не е крив, брееееееј 
Знаеш ли шо, премиерее, да не даде господ да зажалеш како шо жалат кочанските, оризарските, облешевските, штипските, пробиштиспките, скопските, виничките мајки, чии деца им ги пеплосааа НЕКАДАРНИТЕ ИНСТИТУЦИИ под твое 12 месечно раководство, задолжени за БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ.
И се шо ќе кажеш во врска со тоа, БЕЗ АДВОКАТ, ќе биде земено против тебе 
И дај изгаси се на тема Кочани, оти не се трпе вашата нечовештина веќе … оди си по дворовите на вашите штабски лојалисти, остави си ги другите страдалници да си страдат, доволно му тежете и без овакви недостојни и неетични изјави 


