Почитувани сограѓани, Премиерот Мицкоски и диригираните мали партии повторно се обидуваат да Ве измамат со лажна и фиктивна борба за воведување на една изборна единица и отворените изборни листи во Македонија, со старата игра: јавно ќе бараме воведување на една изборна единица и отворени листи за политички поени, ама во пакет со една изборна единица – за која нема консензус од поголемите партии.
Така Ве измамија минатите избори, и сакаат со истата финта и сега – ама нема да може. Прочитани се, како селски буквар. Повеќе нема ниту луди ниту глупави да им паѓаат на истите ефтини финти.
Ние ДЕМОКРАТИ сме единствената партија која и на минатите парламентарни избори се боревме, а и сега и во иднина ќе се бориме за итно воведување на една изборна единица и отворени листи во Македонија, како стратешка и приоритетна цел.
Само со една изборна единица и отворените листи може да се избираат најквалитетните, најпрофесионално и најодговорни луѓе на врвните државни позиции.
Само со нивната внатре партиска конкуренција може да се обезбеди сузбивање на изборните измами и неправилности, и Вие граѓаните со својот глас да ги избирате своите претставници, кои ќе Ви служат Вам.
Само со отворените листи може строго да се почитуваат и спроведуваат законите, еднакво за сите, и вистински да се сузбиваат корупцијата и криминалот, и затоа тие се главна и приоритетна стратешка цел за Македонија.
Ама, за отворените листи не се бори вака, само декларативно -“за да не се воведат” . Овие криминализирани партии ни збор не рекоа дека затворените листи се изворот на злото, и причината за организираниот криминал и корупција во државата. Отворените листи се најголемата закана за организираниот криминал, и затоа за нивно воведување е потребна голема и сестрана борба.
ДЕМОКРАТИ, заради заробените медиуми, сме принудени оваа борба да ја водиме на социјалните мрежи и поткасти, но и само со тој притисок ги натеравме другите партии јавно да се бламираат и да лажат дека се за воведување на една изборна единица и отворени листи. Можете да замислите како ќе се бориме за отворените листи, за Вас граѓаните и против криминалот – од собрание или од општинските совети.
Ние ДЕМОКРАТИ не се согласуваме со манипулациите да се воведат отворените листи како пилот програма, само во две-три општини за локални избори, за нивно бламирање и омаловажување и за купување време, туку мора веднаш да се воведат целосно отворени листи и за парламентарните и за локалните избори. Тоа ни беше, и ни останува примарна цел на нашата изборна програма.
ДЕМОКРАТИ сме единствената партија која вистински се бори за ИТНО воведување на отворените листи во Македонија, и Ве повикуваме сите граѓани да внимавате, и повеќе да не им верувате на лагите и манипулациите на овие политички криминалци, кои ни ја уништуваат државата!
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на народот и Македонија!


