ДВА ИДЕНТИТЕТИ

Македонскиот идентитет нема зошто да се наведува во Извештајот на ЕК, ние сме горди македонци – и така ќе остане. Идентитетот ни го прават работите кои ги сакаме, заради кои се гордееме, и кои не прават почитувани кај другите.
Но, кој е идентитетот кај членовите на парламентарните партии денес и на нивните клиентелисти? Тие го сакаат системот на затворените листи и со него се идентификуваат, не манипулираат и лажат нас граѓаните дека се големи патриоти и дека ќе направат се’ за државата – а всушност го гледаат само личниот интерес, и мислат само како да украдат од државата и граѓаните.Тоа е идентитет на малодушни, глупави и криминализирани психопати, тоа не е идентитетот на нас ДЕМОКРАТИ и на големото мнозинство од граѓаните.
Ние ДЕМОКРАТИ се бориме за квалитетниот систем со отворени листи, за враќање на изборната моќ кај граѓаните и со помош на овој систем – за спроведување на законите, сузбивање на изборните неправилности, корупцијата и криминалот, за правна и функционална држава. Така Македонија ќе биде повторно горда и почитувана, и со тој идентитет ние ДЕМОКРАТИ се поистоветуваме.
На Вас е сега, почитувани граѓани, да покажете каков идентитет имате, и со кој од овие два идентитети се поистоветувате и гордеете. На претстојните локални избори гласате за вашиот идентитет и вашиот систем – било да е тоа коруптивниот и предавнички систем на затворените листи, или чесниот, патриотски и достоинствен систем со отворени листи. Сами одлучуваме за својот идентитет!
ДЕМОКРАТИ секогаш за Македонија и граѓаните!
Претходно УШТЕ ЕДЕН АУШВИЦ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ