ПРЕДИЗБОРНИ ,,ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ” ИЛИ МАНИПУЛАЦИИ СО БИТОЛЧАНИ

Како и обично, пред локалните избори, повеќе “инфраструктурни зафати” низ Битола. Поточно раскопани улички и тротоарчиња и со месеци, оставени недозавршени.
Уличка од двеста метри, пред “најелитната зграда Ариа” во Битола се реконструира една цела година и повеќе.
Граѓаните се гушат во прашина и едвај поминуваат по раскопаните улички.
Истото се случува и со улицата на влезот на Битола, раскопана, блокирана скоро цела година и се уште недозавршена.
Велосипедската патека и тротоарите по улиците Партизанска и Васко Карангелевски исто така се реконструираа повеќе месеци. Претходно беа поставувани цефки за парновод и сите поголеми улици низ градот беа ископани, сообраќајот блокиран, и истите потоа беа закрпени, наместо да се асфалтираат целосно.
Зарем овие се “инфраструктурни зафати”? Насекаде оставени дупки по улиците, кои не ги имаат ни пополнето, преполни контејнери со расфрлано ѓубре околу и прашина и неисчистени улици е секојдневие во градот под Пелистер.
Да не зборуваме за поголеми зафати како: паркови, спортско-рекреативни објекти, игралишта, базени или паркинзи во градот, кои се најпотребни, тоа е измислена именка за Општината Битола.
Градоначалникот и советниците наместо да се зафатат со вистински инфраструктурни проекти кои се неопходни во градот, започнуваат реконструкција на тротоарчиња и улички, а со месеци не ги завршуваат. Очигледно чекаат непосредно пред локалните избори да ги завршат и мислат дека ќе добијат поени за тие проектчиња!
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на Македонија и граѓаните!
All reactions:

2

2 shares
Like

Comment
Share
Претходно МАЛИОТ МАНИПУЛАТОР ДИМЧЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ