Пишува Весна Дамчевска Илиевска

Сѐ се знае.
Сите видоа се’. Сите знаат.
Сите имаат пред себе факти, документи, снимки, сведоштва.
Повеќе ништо не е скриено.
Оголен е системот и сега нема изговори.
И затоа молчењето е соучесништво.
Во последниве децении, политиката во Македонија не беше поле на идеи, интегритет и визија.
Не. Политиката беше дресура за покорност.
Методска дресура на една популација, да слуша, да клима со глава, да не прашува.
Да се прифати пораката од партискиот врв, без разлика дали таа е неетична, неморална, штетна или апсурдна.
Да се поддржи лидерот, кој и да е тој, безусловно, дури и кога знаеш дека згрешил, дека продава вредности, дека те предава.
Токму таа дресура произведе “кадри”.
Луѓе што немаат морални сомнежи.
Луѓе што немаат” ‘рбет”, но имаат функција.
Многу од нив сега се дел од државниот апарат.
Тие се таму не затоа што знаат, туку затоа што не прашуваат.
Зошто некој би ги поставил?
Зошто баш тие?
Затоа што секој што поставува таков кадар, сака послушник, не соработник?
Не му треба кадар со совест, му треба слуга.
И токму затоа:
Кога ќе се фати функционер со докази за злоупотреба, висок функционер сместен во антикорупциска фотелја, се чека реакција од центарот.
Кога ќе се направи престап со елементи на кривично дело, се бара правна формула да се заобиколи, да се продолжи со лажни дипломи и сертификати.
Кога народот бара оставка, се глуми морал, но и се чека политичка проценка.
Кога е очигледно дека правда нема, се применува селективна правда.
Оние што се блиски до моќта, имаат имунитет.
Оние што зборуваат против неа, имаат демнење, изолација потерница.
Тоа е болеста на системот, не само што нема правдина, туку ја искористува неправдата како алатка за дисциплина.
Оставка нема, освен ако не ја дозволи лидерот со зорт, а без одговорност за номинацијата на некадарни и корумпирани.
Санкција нема, освен ако не се укаже од партиски штаб.
Има правда, но само селективна.
Има морал, но само во говорите.
Има правила, но тие не важат за „нашите“.
И токму затоа велиме:
Предавството е евидентно.
И не е само од лидерите, туку и од сите што им климаат со глава.
Од сите што го гледаат злото, и решаваат да останат на функција по секоја цена.
Од сите што молчат, за да не го изгубат местото на масата.
Мој Народе,
Дојдено е време да се избришат линиите на партиска заслепеност.
Да се прекине со климање на глава, кога срцето вика НЕ!
Да не се поддржува лага, само затоа што е кажана од „нашите“.
Твојот глас не треба да биде послушност, туку совест.
Нема кој да нѐ спаси ако ние самите не кажеме:
Доста е!
Доста е од селективна правда.
Доста е од функционери без морал.
Доста е од партиски стада што газат врз добрите, само затоа што не се „соодветни“.
Правда ќе има, кога ќе престанеме да се плашиме.
Иднина ќе има, кога ќе почнеме да си веруваме.
Слобода ќе има, кога ќе станеме заедно.
Ова мое обраќање е повик за зрелост.
Ова не е гнев.
Ова е глас на разумот.
Ова не е политика. Ова е живот.
П.с со здравје да си ги трошат пензионерите 1000 денари сега и здравје до година уште 1000 денари. Денес уште еднаш е потценета интелигенцијата на возрасните.
Весна Дамчевска Илиевска
Претходно ВИДЕТЕ КОЛКУ УБАВО УЖИВААТ СО НАШИТЕ ПАРИ МОЈ НАРОДЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ