За жал, во М-НАВ се работи со опрема од 1999-та, може да ни се случи „Кочани 2″!
Демократи го прашуваат јавно премиерот Мицкоски каков компјутер или телефон имал дома пред 25 години, а каков има сега?
Во М-НАВ и управувањето со воздушниот сообраќај и давањето услуги во воздушната навигација во нашата држава, за жал, се работи се уште со истата опрема, која е постара од 25 години.
Во врска со тоа неодамна, предупреди и претседателот на Синдикатот на контролата на летање, Александар Тасевски и потенцира дека, доколку не се коригираат многубројните проблеми во контролата на летање може да се случи „Кочани 2“.
Само за споредба нашите соседи Србија и Албанија сменија по 3-4 системи во меѓувреме, а во нашата држава во М-НАВ се работи со опрема која е постара од 25 години.
ДЕМОКРАТИ бараат од премиерот Мицкоски и Владата, под ИТНО да се обезбеди најнова опрема во М-НАВ, со цел управувањето со воздушниот сообраќај и давањето услуги во воздушната навигација да биде максимално безбедно. Во спротивно ризикуваме да се случат опасни трагедии од невидени размери.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на Македонија и граѓаните!


