Катастрофална организација на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ)

Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Скопје се одвива со полна програма и многу ентузијазам, но надвор од спортските полиња, вниманието е насочено кон условите за престој и активности на учесниците на олимпискиот фестивал.
Катастрофална организација на
Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје, за што сведочат изјави на учесници на овој настан.
Проследете неколку коментари од учесниците на настанот и донесете сами заклучоци за подготвеноста на настанот и условите за учесниците:
„Мораме да спиеме во еден кревет, односно во брачен кревет со тренерот, значи двајца спиеме во таков кревет. Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблем и со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Имаме проблем и со жештината во собата, нема клима”, вели одбојкарката Агата.
„Јас мислам дека храната не е добра, можеше да биде подобра. Не е вкусна, не ни се допаѓа. И мала е порцијата“, вели Антонина Павловска, одбојкарка.
„Немаме тоалет за девојки во собите. Во однос на храната, малку е храната за нас девојките кои спортуваме на топло време. Информиравме за недостатоците, секој ден кажуваме за тоа. Што ви кажаа на тоа? – Дека ова е веќе испланирано и дека не можат да направат промени“, вели Ашја Штурек.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од негрижата и неорганизираност од страна на Министерството за спорт и млади, од катастрофалната организација на сместувањето, исхраната и условите за одвивање на спортските натпревари на овој настан.
Ова е голем срам за Македонија како држава домаќин на олимпискиот фестивал. Какви само негативни впечатоци ке пренесат учесниците кога ќе се вратат во својата земја, во врска со сместувањето, исхраната и целосната организација.
Дополнителна доза критика доаѓа и од социјалните мрежи, каде се споделуваат фотографии од улици што се асфалтираат буквално наутро, пред почеток на трките. Сето тоа отвора прашања за подготовката, безбедноста и грижата за младите учесници.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат Премиерот Мицкоски и министерот за спорт и млади, дали се води грижа за безбедноста на учесниците на овој настан и дали на ваков начин се организира Олимписки фестивал? Зарем кај власта нема малку човечност во какви услови се сместуваат и хранат спортистите, а да не зборуваме за условите и ресурсите за спортските натпревари.
Во иднина, подобро да не се организираат вакви настани, доколку сме вака неподготвени и неспособни да обезбедиме услови и организација на еден ваков настан, на највисоко ниво. Ова е голем срам за Македонија и за власта.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на Македонија и граѓаните!
Претходно МОРА ДА ЈА УНИШТИМЕ КОРУПЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА И НАРОДОТ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ