Хонорарите на историската комисија на МНР се зголемиле за „78 отсто“ додека премиерот најавуваше истрага.
За нешто повеќе од една година, хонорарите во Комисијата за историски прашања со Бугарија, што произлезе од Договорот за добрососедство, достигнаа до речиси 2.000 евра на месечно ниво.
Македонските историчари од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија на редовно месечно ниво ги исплаќа Министерството за надворешни работи и трговија. Според она што може да се забележи на алатката „отворени финансии“, месечниот хонорар на координаторот достигнува 120.000 денари, а останатите членови добиваат по 110.000, 104.000 денари, итн.
Само до пред некоја година оние што беа на платениот список во МНР добиваа по 1.000 евра, а координаторот по 74.000 денари.
Владата уште во септември минатата година, на седница за претседател (координатор) го назначи Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје а членови се: Александар Литовски, Митко Панов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.
Премиерот Мицкоски по неколку дена побара истражни органи да се вклучат во истрага „која треба да покаже каде се трошеле парите и колкави се хонорарите на членовите на историската комисија“. Тој тогаш искоментира дека биле потрошени илјадници евра за ништо.
Комисијата, најчесто поради субјективни причини, го менува својот состав, па така минатата недела, се повлече историчарот Ванчо Ѓорѓиев од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Во последните години нема речиси никакво поместување од „мртва точка“ на средбите на македонската и бугарската страна од мешовитата комисија, а нејзините членови си добиваат астрономски месечни хонорари, додека пак премиерот Мицкоски не спомнува повеќе за никаква истрага околу потрошените пари на комисијата.
ДЕМОКРАТИ од поодамна предлагаат ДА СЕ УКИНИ експертската историска комисија и да се престане со пљачкање на народните пари. Историската комисија не само што ништо добро не направи во преговорите со Бугарија, туку прави огромна штета на националниот идентитет и го понижува Македонскиот народ и македонската држава.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на Македонија и граѓаните!


