Оставка поради “морален” чин?

Неколку месеци се чекаше Татјана Димитровска сама да поднесе оставка од челната позиција на Антикорупциската комисија, како “морален” чин, откако беше поднесено обвинение против неа, за две дела: оддавање на службена тајна во случајот “Адитив* и фалсификување на полагање испит за безбедносен сертификат.
Во врска со овој случај, премиерот Мицкоски
и собранискиот спикер Гаши сметаа дека се работи за” морален”чин што Димитровска, сама треба да го преземе.
После неколку месеци, под притисок на јавноста, таа деновиве конечно си поднесе оставка од функцијата Претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Изминатите месеци таа си примаше функционерска плата, но имаше забрана да постапува по предмети на ДКСК и пасошот и беше одземен.
ДЕМОКРАТИ го прашуваат јавно Премиерот Мицкоски и спикерот Гаши, зошто сеуште нема правосилна судска пресуда за Димитровска и за каков
” етички” чин, морал, углед и достоинственост на водење на Антикорупциска комисија зборуваат тие?
Граѓани на Македонија, па ова го има само во нашата криминална држава, Македонија.
И покрај сторените кривични дела, сторителите-функционери-криминалци, не се казнуваат и се чека од нив сами да си дадат оставка. Во многу случаи, како и овој им се одзема само пасошот, тие си примаат функционерски плата, а не е исклучено и да збришат во странство, иако пасошот им е одземен.
Истата приказна, за истите криминалци кои наместо да се борат против криминалот и корупцијата, тие прават невиден криминал и корупција и сеуште ја водат државата.
Повеќе од очигледно е дека Димитровска нема ни етика ни морал кога направила такви кривични дела, а уште полошо што вакви криминалци се на највисоки позиции, а тие што треба да ги санкционираат и не го прават тоа, се уште помалку етички и морални, но за жал, ја водат државата во пропаст.
Ова е уште еден пример на селективна правда и зборува каква “правна”, поточно криминална држава имаме.
ДЕМОКРАТИ бараат од премиерот, судството и јавното обвинителство под ИТНО да се ангажираат и да се донесе правосилна судска пресуда, Димитровска да одговара за сторените кривични дела, а не да се чека и таа да замини од државата, како и други криминалци.
ДЕМОКРАТИ секогаш за правна и функционална држава!
Претходно ДЕМОКРАТИ го кандидираат претседателот Јорго Огненовски за кандидат за градоначалник на Општина Битола. На жителите на Општина Битола и на Битолчани им сте потребни повеќе, него кога и да е!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ