На синоќешниот кошаркарски натпревар Македонија – Романија во Куманово, навивачите скандираа срамни, националистички пароли против Албанците.
Во салата присутни беа премиерот, Христијан Мицкоски, министетот Панче Тошковски и градоначалникот Максим Димитриевски. Ниту еден не реагираше. Зошто?
Затоа што ова сценарио се повторува пред секои избори, да се разгори омраза, да се поттикне гнев, да се подели народот, да се прикријат вистинските проблеми.
Во недостаток на идеи за обединување на народот кон нови акции за подобра иднина, повторно се нуди стара и ветва практика која не носи ништо добро.
Ние, ДЕМОКРАТИ, велиме јасно:
-Национализмот не е решението, туку нов ѕид
– Политичката злоупотреба на спортот е недозволива.
– Молкот е соучесништво.
Доста со поделби – време е за достоинствена Македонија!


