НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВАТ МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ

Никогаш да не се заборават прилепските воени резервисти – македонските херои, кои ги дадоа своите млади животи за Македонија, во борбата против терористите на УЧК, во областа викана Карпалак, каде на 8 август 2001-та беа убиени, во кукавичка заседа.
24 години поминаа од масакрот на бранителите, а за жал, терористите се на слобода и управуваат со институциите, со државата, благодарение на Законот за амнестија донесен во 2011 година од страна на криминалната ДПМНЕ и нивните криминални полтронски приврзоци во Собрание на Република Македонија.
Функционерите-пратеници-криминалци кои го донесоа законот за амнестија за терористите на УЧК и не го имат решено статусот на бранителите се предавници!
ДЕМОКРАТИ се борат да се реши статусот на бранителите во најкраток можен период, а злоделата на терористите никогаш да не се заборават и да бидат во иднина кривично прогонувани, затоа што, воени злодела никогаш не застаруваат против народот и македонската држава и никој не може да ги помилува злосторниците!
Никогаш нема да ве заборавиме и ќе Ве славиме наши македонски херои:
Сашо, Марко, Нане, Љубе, Вранко, Дарко, Горан, Пеце, Беби и Ердован.
Вечна ви слава!
Претходно НЕМА ГРАДЕЖНА МАФИЈА! ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ ГРАДЕЖНА МАФИЈА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ