ПАРТИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКОТО НЕБО

ДПМНЕ ја претвори М-НАВ во приватна партиска филијала
Во државата на ДПМНЕ, ни небото не е безбедно од партизацијата која ја спроведуваат секој ден. Институцијата што ја гарантира безбедноста на секој авион што влегува и излегува од македонското небо, контролата на летањето( М-НАВ), денес е партиска испостава полна со роднини, пријатели и верни партиски војници на власта.
Прво таму се вработува Атанас Стамнов, човек од патриотскиот институт на ДПМНЕ, без никакво искуство за работа во воздушниот сообраќај. Неговата сопруга Анита Стамнова е директорка на Централниот регистар, што значи дека целото семејство е соодветно вдомено.
Потоа, братот на претседателот на управниот одбор, Владимир Ристовски, е исто така внатре по партиската шема, активен член на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Карпош. Неговиот брат, Александар Ристовски, неодамна е унапреден во М-НАВ.
Понатаму, Горан Јандреовски е член на надзорниот одбор поставен од ДПМНЕ кој е запаметен во Црна Гора како „најлош менаџер”. Овој пат, наместо бизнис, под негова сенка е воздушниот сообраќај на Македонија.
Ова е опасна игра на ДПМНЕ со безбедноста на патниците. Секое полетување и секое слетување на авионите сега минува низ систем каде врските и фамилијарните линии се поважни од знаењето и стручноста. ДПМНЕ го претвора управувањето со македонското небо, во ризична партиска авантура.
Поради тоа, ДЕМОКРАТИ предупредуваат уште еднаш, ИТНО да се запрат сите партиски и фамилијарни вработувања и промоции и на прво место да се стави професионализацијата на институциите, а особено на М-НАВ поради тоа што контролата на летањето и управувањето со воздушниот сообраќај, не е детска игра и не трпи грешки.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на Македонија и граѓаните!
Претходно НА ЕВРОПА ТРЕБА ДА И СЕ КАЖЕ КРАТКО И ЈАСНО!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ