ВЛАСТИТЕ ПРВО ПУШТААТ ПАТ ДА ИСПОГИНИМЕ, (ПРАВАТ ЕКСПЕРИМЕНТИ КАКО ЗЛОСТОРНИКОТ МЕНГЕЛЕ), А ПОТОА ГИ ДЕТЕКТИРААТ ЦРНИТЕ ТОЧКИ!

Трајановски за автопатот Градско-Прилеп: “Ги детектиравме црните точки на патиштата, се надевам дека ќе се намалат несреќите”
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски на Канал 5 телевизија, изјави дека успеале да ги детекрираат црните точки на патиштата и апелираше до возачите да внимаваат на сигнализацијата на патиштата.
За експресниот пат Градско-Прилеп, каде по неколку месеци од пуштањето во употреба има пет жртви, Трајановски рече дека ќе има нова, подобрена сообраќајна сигнализација.
Во врска со лошата состојба на скопската обиколница, Трајановски рече дека наредната година се планира нејзина поголема реконструкција,
како и за тријаголникот Миладиновци-Петровец-Хиподром, и додаде дека мора да се одвојуваат повеќе средства од буџетот за одржување на постојните патни правци.
ДЕМОКРАТИ апелираат со властите, наместо да се детектираат црни точки на патиштата откако ќе погинат невини луѓе, да се проектираат и градат безбедни патишта, според светски стандарди, а не прво да се пуштаат небезбедни патишта, да гинеме по истите, а потоа да се откриваат огромните недостатоци-црните точки кои убиваат луѓе и уништуваат цели фамилии. Ова е огромна неодговорност на властите и одговорните, кои ги дизајнираат патиштата, градат и затоа како ДЕМОКРАТИ предлагаме кривично да бидат прогонувани, што дозволиле да се градат патишта-убијци и истите да бидат пуштени во употреба. За жал, покрај огромната загуба на човечки животи, исто така државата мора да врши непотребни реконструкции на новите патишта, да се креира хаос во сообраќајот и повторно да се задолжува државата-граѓаните со дополнителни кредити, кои ние граѓаните, нашите деца, внуци и сограѓани ќе ги плаќаме со децении!
ПАЗЕТЕ СЕ МИЛИ СОГРАЃАНИ, НЕМАТЕ ДРЖАВА ДА ВЕ ЗАШТИТИ!
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на Македонија и граѓаните!
Претходно ЗОШТО НИ БЕГААТ МЛАДИТЕ И МАКЕДОНИЈА СЕ УНИШТУВА СО СВЕТЛОСНА БРЗИНА! ЗЛОТО МОРА ДА ГО УНИШТИМЕ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ