ДЕМОКРАТИ ИМ ЈА ДАВААТ ЦЕЛОСНАТА ПОДДРШКА НА ЖЕНИТЕ!

Моја Колумна
Женско лидерство – од порака до повик
Жените во политиката, порано, работеа посветено, искрено, со срце на дланка, со подадена рака и со поглед во очи. Кон секого со почит! Слушаа со срце, ги слушнаа сите, дури и шепотите на оние што за правда и праведност се борат. Таму бев и јас и сведочам!
Но, на тој пат сите добиваа , немаше поразени, погазени. Тогаш, нешто изгубивме:
Го изгубивме стравот од притисоци и насилија, од потценување и понижување, од погазување и поразување.
Денес знаеме дека женското лидерство во политиката во Македонија е пригушено од машкото доминирање.
Ако не е под строга контрола, жената во политиката е подложена на оневозможување и притисоци.
Сведоци сме дека жените се уште се под нивото на заслужената позиција.
Често се бројка, „про форма“ учество во сенката на машкото неприкосновено лидерство. Учеството е диригирано, контролирано, а најслободоумните и најкреативните жени се стигматизирани.
Време е за нови чекори!
За поддршката што мора Жената на Жена да ја даде.
За воздишките од радост и восхит, што ќе се случат кога ќе одлучуваме за иднината, а не само да бидеме декор на квотите.
Мора да се пробие штитот од ментални огради – овие дизајнирани конструкции против женското лидерство.
Сега е моментот.
Сега е време жените да се охрабрат – да се одважат, да застанат исправено, да зборуваат гласно и да покажат дека можат.
Жените не треба да бараат дозвола да водат.
Жените имаат право и обврска да го преземат местото што им припаѓа, на врвот, таму каде што се гради иднината, за да го вградат мајчинскиот дух, со топлина кон луѓето, со строгост и милост, со одговорност и такт што ќе ја врати вербата!
Весна Дамчевска Илиевска
Експерт од областа на мировното Лидерство,
Доктор на мир и развој

Претходно НАРОДЕ, ВИЕ СКЕНИРАЈТЕ СМЕТКИ, ДОДЕКА ПОЛИТИЧАРИТЕ- КРИМИНАЛЦИ СЕ БОГАТАТ СО СВЕТЛОСНА БРЗИНА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ