ДПМНЕ-ОВЦИ, има ли нешто човечко што останало во вас? Или навистина до крај сте ја продале душата на ѓаволот?

ДПМНЕ – ОВЦИ, веќе не знаме ни како да ве опишеме. Удобно се сместивте на тие функции, добивте работа, моќ и веќе не ви е гајле за никого и за ништо. Мирно гледате сè што се случува околу вас и молчите. Вашите сограѓани секојдневно се соочуваат со неправди и понижувања, а вие? Ни збор.
Дали некогаш се запрашувате, дали е исправно вие да живеете во привилегии, додека другите страдаат? Поддржувате лаги, неправди, ароганција и репресија, и тоа врз ваши членови и сограѓани!
И самите знаете, ни вие не сте чисти.
Замислете сега вие да живеете следните 35 години под нечија чизма.
Да немате никакви права, однапред да знаете дека ја губите секоја постапка.
Замислете дека не можете никаде да одите, освен да си заминете од тука засекогаш. Има ли нешто човечко што останало во вас? Или навистина до крај сте ја продале душата на ѓаволот? Во што тоа сте се претвориле?
Размислете. Ако стè уште во состојба да мислите, а не сте!
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на граѓаните и Македонија!
Претходно ПОЛИТИЧАРИТЕ КРИМИНАЛЦИ ЈА ФИРМИРАА И ПОДДРЖУВААТ УРБАНАТА МАФИЈА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ