НАЈОСТО ЈА ОСУДУВАМЕ ПАРТИЗАЦИЈАТА НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ПАРТИИ И МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА МИСАЈЛОВСКИ

Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на криминални партиски пазарења.
На конкурсот во Министерството за одбрана, за прием на 60 кандидати во различни служби, 74 лица успешно ја поминале селекцијата, а со конечното Решение на министерот Владо Мисајловски, примени се само 29.
Всушност, остануваат непополнети 31 работно место согласно конкурсот, а за 15 кандидати кои не се избрани нема никакво образложение.
Се наметнува прашање дали 31 непополнета работна позиција е намерно оставена за посебен конкурс, подоцна, со спуштени критериуми, партиски и етнички клуч, мотивиран од ВРЕДИ, откако ДУИ изрази незадоволство дека „нема доволно Албанци меѓу примените“?
Овој скандал претставува не само дискриминација, туку и директен удар врз довербата на младите во институциите. Наместо да бидат наградени за трудот, знаењето и способностите – тие се отфрлаат без објаснување, што дополнително го поттикнува младиот образован и квалитетен кадар да заминува во странство.
Во врска со овој конкурс постои правна основа за поднесување на најмалку 15 судски тужби против Министерството за одбрана, а секој изгубен судски процес се плаќа од џебот на граѓаните. Но, очигледно, за министерот Мисајловски тоа не е најважно, туку на прво место се партиските директиви, а интересите на народот и државата се последни.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека ова е уште една потврда дека стручноста и професионалноста се жртвуваат заради политички договори и партиски пазарења.
Армијата мора да се гради врз принципите на професионалност стручност и еднакви можности, а не врз политички пазарења, дискриминација и етнички клуч.
ДЕМОКРАТИ најостро ги осудуваат неправилностите и дискриминација во постапката за прием на кандидати за стручно оспособување и усовршување за офицери во Армијата на Република
Македонија и барат ИТНО пополнување на сите 60 позиции транспарентно, без партиски или етнички калкулации, како и јавно објавување на причините за одбиените кандидати.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на Македонија и граѓаните!
Претходно ГИ ПОВИКУВАМЕ ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И БИТОЛЧАНИ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖАТ НА ЛИСТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ