САМОВОЛИЕ НА ВЛАСТА

Началникот од Демир Хисар бил суспендиран за рекет – Тошковски го наградил со унапредување
Незаконитото однесување на началникот на СВР Демир Хисар – Роберт Мартиноски, каде се обидува противправно да лиши лице од слобода,(конкретниот случај со директорката на СОУ “Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар), само го докажува хаосот и непрофесионализмот кој владее во министерството за внатрешни работи, на Тошковски.
Информациите за началникот на СВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски докажуваат дека се работи за непрофесионален кадар, кој сега стана познат на целата јавност, како извршител на партиски наредби и наместо да одговара за злоупотреба на службена положба, тој бил унапреден.
ДЕМОКРАТИ јавно го прашуваат министерот Панче Тошковски: зошто веднаш не е разрешен началникот на СВР Демир Хисар и како министерот унапреди во началник, кадар кој претходно бил суспендиран од работа поради рекет?
ДЕМОКРАТИ го повикуваат министерот Тошковски ИТНО да го разреши началникот Роберт Мартиноски и против него да биде поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба.
ДЕМОКРАТИ сметаат дека ваквиот начин на однесување на власта, каде токму полицијата ги крши законите, не смеат да поминат – затоа што секој еден може да биде наредна жртва на самоволието на авторитарната власт.
ДЕМОКРАТИ секогаш за доброто на Македонија и граѓаните!
Претходно ДЕМОКРАТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: УШТЕ АВИОНСКА ТРАГЕДИЈА НИ ФАЛИ!!!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ